Најмалку 13 полицајци беа убиени денеска од заседа во мексиканската држава Мичоакан, соопштија локалните власти.

Сојузното Министерство за јавна безбедност објави дека 14 полицајци се убиени, додека Министерството во таа сојузна држава соопшти за 13 убиени и тројца повредени.

Полицајците работеле во близина на градот Агуахе, кога вооружени цивили отвориле оган кон нив.

Сојузното Министерство за јавна безбедност преку Твитер соопшти дека ќе ги искористи сите средства за да ги пронајде извршителите на едно од најкрвавите злосторства од кога е на власт претседателот Андрес мануел Лопес Обрадор.


Администратор
15/10/2019 01:08