Сонуваме за секс затоа што размислуваме многу за сексот додека сме будни, а токму соновите може да ни дадат увид во нашите фантазии но и за врската во која сме.

Ако сонувате дека имате секс со некој познаник што сте го виделе на поминување, тоа значи дека вас некој ве привлекол и дека сте запознале личност која е привлечна за вас.

Не грижете се ако сонувате некој кој што не е вашиот партнер во креветот, пишува Дејли Стар. Ако тоа се случува постојано, тогаш е време да се запрашате и да го преиспитате сексуалниот живот.

Сексот со претпоставениот и колегата може да биде непријатен кога ќе се разбудите. Но, да се биде во таква позиција може да значи дека ви е потребна помош во работењето или поддршка од претпоставениот за некој проект.

Доколку пак не ве привлекува ист пол и упорно имате такви соништа, тоа не е знак дека треба да се грижите. Размислете колку сте задоволни со личноста што сте сега и како можете да го подобрите вашиот сексуален живот.

Сексот со некој што не го мразите или мразите не треба да ве изненади. Сепак, во прашање се силни и искрени емоции. Тоа не е енергијата што ви треба во реалноста, затоа погледнете да ја елиминирате омразата и нетолеранцијата од срцето.


Администратор
14/10/2019 23:50