СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето. Зоран Заев најавуваше експресно почист воздух откако ќе ја преземе власта, и три години откако ја презема, ниту една мерка за спречување на загадувањето се нема спроведено.

Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка. Како прво мерката е достапна само за жителите на неколку градови, а како второ истата е наменета само за определен број на граѓани од тие градови.

Мерката за инвертери нема реална примена. Практично не можно е со еден инвертер да се загрее цел стан од поголема квадратура од некои 70тина квадрати.

Дополнително мерката е крајно популистичка и е очигледен обид за добра бизнис зделка на поединци од власта. 10 милиони кои власта ги дава за субвенционирање ќе бидат профит за некој бизнисмен близок до власта, а граѓаните ќе ги имаат истите проблеми кои ги имаат и сега. Воздухот ќе биде загаден.

Половични решенија не се решение за загадениот воздух, туку се само популистичка мерка за замајување на граѓаните.

Ако по три години на власт, Заев и Анѓушев како мерка против загадувањето на воздухот предлагаат половично решение, кое нема за цел ефикасно решавање на загаденоста, туку само популистички да ќарат поен плус кај граѓаните, тогаш ни е јасно дека не им се пиоритет граѓаните, туку ситните политички поени.

Граѓаните не се ниско интелегентни за да им поверувааат на манипулациите на Заев и Анѓушев.

Доколку Заев и Анѓушев навистина сакаат да преземат мерки против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ со своите стручни тимови уште лани се понуди за помош, при што предложи и мерки кои што неопходно и треба да бидат применети.


Администратор
09/10/2019 22:48