Макс Верстапен изјави дека не брза да го обнови договорот со Ред Бул затоа што сака да почека и да ги разјасни перспективите на тимот, Хонда и Формула 1 како целина. Холанѓанецот потпиша до крајот на 2020 година, но сака да се осигура дека може да учествува во борбата за титулата – нешто што не се случило во неговата петгодишна кариера.

„Не сум загрижен особено. Сакам прво да разгледам сè што ми е ветено и што е важно. Сакаме следната година да забележуваме победи и да јаосвоиме титулата. Затоа јас сум тука, а Ред Бул има за цел да го постигне тоа. Но, има многу прашања за после 2020 година, на пример, што се случува со Формула 1 воопшто? Затоа сакам да размислам за тоа, вели Холанѓанецот.

Верстапен учествуваше на состанокот помеѓу раководството на тимот и газдите на Хонда за да дознае повеќе за идните планови. Масаши Јамамото го сумираше вака: „Макс сака да ги освои сите трки. Тој може да зборува за шасијата со Ред Бул, а моторот со нас – тоа беше целта на состанокот. Досега, Хонда го исполнува своето ветување“.

И покрај двете победи што Верстапен ги постигна, Хонда сè уште не може да потврди дали ќе остане во Ф1 и по 2020 година.


Администратор
09/10/2019 21:53