Суспендиран е затворскиот чувар, кој денеска се однесуваше недолично при изнесувањето на Бојан Јовановски од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој таму пристигна за да дава исказ, но се задржа само околу 20 минути, по што беше изнесен со амбулатно возило, поради тоа што му се слошило.

Чуварот на затворската полиција е суспендиран, потврди за МИА, директорот на затворот Скопје во Шуто Оризари, Есад Рахиќ.

На снимката, која беше објавена во медиумите при спроведувањето на Боки 13 од Обвинителството до возилото на Брза помош, затворскиот полицаец покажува со раката кон своите гениталии.


Администратор
08/10/2019 17:02