Младите жени на денешницата, се чини, дека се поизложени на притисоци за разлика од постарите генерации. Пред се им треба малку повеќе време да најдат соодветно работно место, да изградат сопствена кариера и да најдат партнер кој што ќе им одговара. Но, додека жените го прават сето тоа часовникот неуморно отчукува.

Понекогаш судбината си поигрува влетувајќи одлична можност за напредок во кариерата баш кога сметате дека е идеално време да станете мајка.

Според едно истражување, 35 годишната воздраст се смета за период на зрело мајчинство. Жените кои што се образуваат факултетски и продолжуваат со надоградба на занењата после завршувањето на факултетот во просек се мажат на 30 години.

Според математиката во ова истражување , на жените им остануваат околу пет години за да ги родат децата. Реалноста е дека годините се вистински предизвик кога станува збор за можноста за забременување.

Според сето тоа не е ни чудно што некои жени ги фаќа паника, иако во пракса, можноста за забременување не опаѓа значително во триесеттите години колку што опаѓа после 40-та. Од друга страна пак, секоја свесна и разумна жена знае дека за одгледување на потомство навистина се потребни финансиски средства поради што потешко се одлучува за мајчинство во услови на постоење на финансиски потешкотии без перспектива за нивно скоро надминување.

Животната дилема-кариера или мајчинство кај жените е почеста отколку што реално изгледа. Но, сепак, кога судбината ќе сака да си поигра со вашите планови имајте во предвид дека најдобра работа што може да ја направите е да бидете свои, да живеете во сегашноста но повремено ѕиркајќи со едното око во иднината.


Администратор
05/10/2019 02:16