За потребите на емисијата „Детектор“ на Сител телевизија, Институтот за политички истражувања изработи анкета врз репрезентативен примерок од 1.109 испитаници.

Анкетата покажува дека една петина од граѓаните ќе и дадат поддршка на опозицијата ако идната недела се одржат предвремени парламентарни избори. На идните предвремени парламентарни избори 21,1 процент ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 18,1 отсто за СДСМ. Вкупно 26,1 отсто велат дека нема да гласаат за ниту една партија, 14,7 не сакаат да кажат за кого ќе го дадат својот глас, додека 9,7 велат дека се уште не знаат.

Во албанскиот политички блок најголема поддршка ужива ДУИ. За оваа партија ќе гласаат 4,5 отсто. Според рејтингот, следна е партијата на Зијадин Села. За Алијанса за Албанците поддршка дале 2,8 проценти од анкетираните граѓани. Алтернатива на Африм Гаши има поддршка од 0,8 отсто, додека за БЕСА на Билал Касами се изјасниле дека ќе гласаат 0,7 проценти.

Анкетата беше спроведена од 14 до 17 септември годинава,