Организаторите и гостите на ИФФК „Браќа Манаки“ денеска ги посетија Влашките гробишта во Битола и, традиционално, положија цвеќе на гробот на Милтон Манаки.

Директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска, изразувајќи почит кон делото на браќата Манаки упати благодарност и до сите кои даваат несебична поддршка во одржувањето на Фестивалот, како Општина Битола, Министерството за култура, Агенцијата за филм, сите културни институции во Битола и, секако, граѓаните и публиката во Битола.

Почит кон делото на Милтон Манаки оддадоа лауреатот Јоргос Арванитис и Пол Рене Ростад, претседател на Бордот на ИМАГО, кинематограферот Рајнер Клаусман, членовите на фестивалското жири Доминик Велински и Фејми Даут, уметничкиот директор на фестивалот Благоја Куновски-Доре, како и други кинематографери, автори и гости на 40. ИФФК „Браќа Манаки“.

Како што е познато, гробот на братот на Милтон, Јанаки Манаки, се наоѓа во Солун.


Администратор
20/09/2019 18:14