Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вестите за Канал 5 истакна дека буквално се преплавени од информации за криминал и корупција кои ги прави власта и функционерите на власта. Николоски додаде и дека во текот на наредната недела ќе биде објавен нов корупциски скандал во кој се инволвирани високи владини функционери

- Секој ден доаѓаат граѓани кај нас и верувајте имаме поплава од информации за корупција на оваа власта. После се тоа што го гледаат последниве месеци, а за тоа голем удел имаат и медиумите, се ослободија и речиси на дневно ниво доставуваат нови и нови информации и сомнежи за криминал и корупција направени од владините функционери. Во однос на „Рекет 1“ сознанијата кои што ги имаме оставаме уште одреден период да обвинителството си ја дозаврши работата, доколку пак се обидат да скријат нешто по насока на власта, ние ќе ги изнесеме сите информации во јавноста. Во однос на другите афери, можам да соопштам дека следната недела очекуваме да објавиме нова корупциска афера во која што има инволвирано значаен дел од владини функционери, истакна Николоски.