Пратеникот од редовите на опозициската партија Илија Димовски во пратеничката дебата со пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири на Телевизија 24 истакна дека лично тој бил уценуван од страна на власта со предмети на СЈО. Димовски додаде и дека покрај него уште најмалку 15 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ биле уценувани на ист начин.

- За кои истраги од СЈО зборувате? За оние кои ги користевте за уценување? Мене лично ме имате уценувано а знам за уште 15 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле предмет на уцена. И тоа на директна уцена. Но ќе дојде време, јавноста ќе биде запознаена и со овие детали, истакна Илија Димовски.

Зекири пак потенцираше дека голем дел од поранешното раководство биле предмети на истраги но не и на уцени.

Димовски додаде и дека постојат најмалку уште два предмета на СЈО кои биле злоупотребени на ист начин како случајот „Империја“ кој беше искористен за да се рекетира македонски бизнисмен.

Зошто само Империја го гледате како дел од Рекет, најмалку уште два големи предмети, каде има и други обвинители (не само Катица Јанева) се или ќе бидат доведени во прашање во следниот период. Најмалку за уште два предмети на СЈО има јавни тврдења дека се злоупотребени. Никој од тие два случаи не е повикан на разговор, а тоа е работа на јавното обвнителство, посочи Илија Димовски.