Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во телевизиската дебата - Постојат сериозни индиции дека било пробано да се рекетира еден бизнисмен кој што е почесен конзул на една земја членка на Европската Унија. Бизнисменот го информирал нерезидентниот амбасадор во Република Македонија а тој пак го информирал Министерот за надворешни работи и затоа сега лично го прашувам Димитров што тој направил или превземал во врска со информациите за Рекет кој ги знаел уште пред јавноста да биде информирана за тоа, истакна Николоски.

Димитров истакна дека тоа не било точно но истакна и дека последната средба со нерезидентниот амбасадор му била во октомври 2018 година и дека содржината на разговорот на кусата средба не била на тема рекет.

Николоски на ова додаде дека не би го советувал Димитров да ги демантира овие информации бидејќи ќе биде непријатно за него кога во блиска иднина дали преку истрагата дали преку јавноста деталите ќе бидат обелоденети.