Во телевизиската дебата на 24 помеѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Министерот за надворешни работи Никола Димитров на темата Рекет, Николоски истакна дека преговорите во врска со Законот за јавно обвинителство се заглавени од причина што на власта и одговора оваа статус кво ситуација но и поради тоа што Владата и Зоран Заев од петни жили се трудат случајот „Рекет“ да остане под контрола на Вилма Рускоска.

- Проблемот е во тоа што Зоран Заев предлага да опозицијата води обвинителство кое што ќе може да истражува само случаи кои што не се отворени до сега. Тоа значи дека предметот „Рекет“ нема да може да го истражува. И уште повеќе предлага опозицијата да номинира обвинител, но ако власта не се согласи пак после власта да го постави. Значи она што практично го бара Зоран Заев и поради што се заглавени преговорите е амнестија за него и луѓето околу него по однос на случајот „Рекет“ и тука се во овој момент заглавени преговорите. Да е парадоксот најголем, високи претставници од кабинетот на Зоран Заев контактираат наши членови од нашата политичка партија и им велат знаете како веројатно нема да има датум за преговори немаме голем интерес ова да се заврши ни одговара вака како што е состојбата со предметите и со Јавното обвинителство, вели Николоски.