Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски најави дека вечер на Телевизија 24 ќе дебатира со Министерот за надворешни работи Никола Димитров, откако Николоски јавно го повика Димитров да ги соочат фактите на тв дуел.

- Вечерва од 20:45 на ТВ 24 Вести ќе имаме дуел со Никола Димитров на повеќе актуелни теми. Ќе имаме дуел за обезличувањето на Македонија, за урнисаната економија, за катастрофалната реализација на реформите, за катастрофалните политики и лагите на Владата. Ќе дебатираме и за скандалот со аферата Рекет и криминалот и огромната корупцијата на оваа Влада . Следете го вечерашниот дуел, време е да се соочат аргументите, го најави вечерашниот ТВ дуел потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николоски на својот ФБ профил.