Младите не му веруваат на Зоран Заев.Заев има пари за реновирање на своето партиско седиште, но нема за младите.

Младите беа изманипулирани од Заев за време на претходните парламентарни избори.Заев вети подобри услови за студирање и можности за млади по завршување на образованието.Заев излажа.

СДСМ во предизборната програма, во делот мерки и проекти кои треба да почнат со реализација во првите 6 месеци од мандатот вети дека ќе изгради 2 студентски града, со спортски терени, базени, читални и други содржини на просторот кај студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“.Три години откако ветија, ниту темел немаат поставено.

Зоран Заев не само што не го реализира проектот студентски град, туку и 3 години го влече реновирањето на двата блока од студентскиот дом „Гоце Делчев“, кои одамна требаше да бидат спремни за вселување.

Младите го видoа вистинското лице на Зоран Заев. Оваа година со денови каснеа списоците за вселување, а студентите немаa кај да престојуваат во сред испитна сесија.Зарем ова е животот господине Заев кој викајќи на цел глас го ветувавте?Или тоа беше само за пред избори?

Младите никогаш повеќе нема да наседнат на лагите на Заев. Младите во големо мнозинство се за ВМРО - ДПМНЕ, и против деструктивните политики на СДСМ.

Време е за соочување со младите господине Заев.Нема бегање од казната која младите ви ја спремаат на избори, казна за сите ваши лаги од пред три години до сега.

Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
18/09/2019 12:20