Регионална конференција „Градење на функционално-просторни и економски структури за подобро интегрирање на урбаните со руралните средини во Скопскиот плански регион“, денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организција на Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

Целта на конференцијата е да се даде придонес во областа на планскиот и урбанистички развој на Скопскиот плански регион заради обезбедување на услови за рамномерен регионален развој.

Панелисти ќе бидат експерти од земјава и странство, кои ќе учествуваат во размената на искуства и добри практики во планирањето на просторот и урбанизацијата и создавање услови за хумана средина за живеење.

Регионалната конференција е активност во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен размномерен регионален развој“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа.


Администратор
18/09/2019 10:01