Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд стана осмиот фудбалер кој на дебито во Лигата на шампионите направил хет-трик, но испиша и историја како најмлад на кого тоа му успеало за едно полувреме.

Играчот на Салцбург има 19 години и 58 дена, сите три гола ги постигна во првото полувреме на дуелот со Генк. Гостите беа разбиени, но и тие дадоа два гола, од кои едниот на Али Самата, кој стана прв играч од Танзанија што погодил во ЛШ.

Наполи двата гола против Ливерпул ги даде откако македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра. Голови немаше само во Дортмунд. Борусија пропушти прилика да победи, бидејќи изведе пенал, но шутот на Ројс го одбрани Тер Штеген. Меси играше половина час.

Резултати од натпреварите одиграни синоќа: Интер – Славија 1:1, Лион – Зенит 1:1, Ајакс – Лил 3:0, Бенфика – Лајпциг 1:2, Борусија Дортмунд – Барселона 0:0, Челзи – Валенсија 0:1, Наполи – Ливерпул 2:0, Салцбург – Генк 6:2.

Денес играат: Бриж – Галатасарај, Олимпијакос – Тотенхем, Атлетико Мадрид – Јувентус, Баер Леверкузен – Локомотив Москва, Баерн Минхен – Црвена ѕвезда, Динамо Загреб – Аталанта, ПСЖ – Реал Мадрид и Шахтјор – Манчестер сити.


Администратор
18/09/2019 09:56