Откако на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев истакна дека тој лично смета дека истрагата за „Рекет“ може да доведе до лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги покажа записниците од искази дадени од сведоци кај обвинителката Рускоска истакнувајќи дека ги добиле од свиркачи.

„Ќе му одговорам на Заев. Ова се записниците од сведоци дадени во обвинителството за случајот „Рекет“.Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта“, рече Мицкоски.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе го набљудува развојот на настаните.

„Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој не сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста“, порача Мицкоски.