Англија повторно го победи својот конкурент во квалификациите во групата „А“ и речиси си обезбедија пласман за Европското првенство следната година. Откако пред неколку дена, „Трите лава“ постигнаа четири гола против Бугарија, сега селекцијата на Герет Саутгејт го сруши Косово со 5:3.

Дуелот на „Сент Мери“ започна шокантно за домаќините бидејќи Валон Бериша ја казни грешката во одбраната на Англија и му донесе предност на Косово во 34-тата секунда од дуелот.

Англичаните, сепак, реагираа многу брзо и на паузата заминаа со водство од 5-1 по головите на Рахим Стерлинг (8’), Хари Кејн (19’), авто-голот на Мергим Војвода (38’) и дебитантските голови на Џејдан Саннчо (44′, 45′).

По паузата, Косово се врати во игра, постигнувајќи два удари во рок од шест минути. Во 49-тата, минута Бериша се запиша по втор пат, а во 55-тата Ведад Мурики намали на 3:5 по изведување на пенал.

Хари Кејн пак подоцна промаши удар од 11-метри за домаќините.

Па така по четири одиграни натпревари, Британците имаат 12 бода и гол разлика од 19:4. По трет пат во овие квалификации, фудбалерите на Саутгејт постигнаа пет гола на своите противници.

Косово, од друга страна, го изгуби второто место за сметка на Чешка, која изненадувачки ја победи селекцијата на Црна Гора вечерва со 0:3. Тоа беше и прв пораз во кратката историја на репрезентацијата на Косово, која траеше цели 15 натпревари, откако земјата стана полноправна членка на ФИФА и УЕФА.

Резултати од натпреварите денес:

Група „А“

Црна Гора – Чешка 0:3

Англија – Косово 5:3

Група „Б“

Луксембург – Србија 1:3

Литванија – Португалија 1:5

Група „Х“

Молдавија – Турција 0:4

Франција – Андора 3:0

Албанија – Исланд 4:2.


Администратор
10/09/2019 23:39