Знаев дека ова ќе ми се случи, ја почнува својата страна од приказната што ја раскажа за телевизија Алфа, Звонко Тупанчевски, еден од приведените во инцидентот по синоќешниот фудбалски натпревар во село Волино, Дебрца. Останал до утрото до 10 часот во полиција, а по него беа ослободени и седуммината што исто така беа приведени. Полициските службеници вели тој, му се нафрлиле да го приведат но не му кажале зошто

-Синоќа во еден момент на натпреварот, судијата имаше одлука и ние баравме од него да суди коректно. Потоа четворица службеници се префрлија од другата, навивачката страна, дојдоа и ми рекоа „треба да те приведеме во станица“. Прашав зошто? Што е причината? Ми рекоа „мора да те приведеме“. Им реков пак: кажете ја причината. Ама тие само настојуваа да ме приведат, по што ми се нафрлија сите. Нормално, моите сограѓани реагираа да ме заштитат, а јас отидов во полиција да дадам изјава. Бев задржан до скоро 10 часот наутро.

Тупанчевски се сомнева дека станува збор за реализација на закана што ја добил од локалните власти кога купил знамиња со сонцето од Кутлеш и биле развеани насекаде по селото.

-Јас го имам развеано сонцето од Кутлеш на продавницата, ќе го вадам и веам дур сум жив, па кој сака нека збори. Уште кога ги ставивме замињата во селото ме предупредуваа локалните власти нареди ги и ќе имаш проблем, па се случи ова. Значи знаев дека нешто ќе се случи. На стадионот тоа што се случи беше тотално некоректно, оти јас не нападнав никого, ни судија, ни службено лице, ни гостинските играчи, а 4-цата полицајци како на филм, каубојски се нафрлија да ме приведат, вели Тупанчевски.


Администратор
09/09/2019 21:55