Кривичниот суд од Рошефор ја отфрли жалбата на соседите на сопственикот на петелот Морис, што претставува голема и симболична победа за застапниците на руралните звуци, јавува дописникот на МИА.

Ѕвездата на денот во Франција се вика Морис и тој е петел – симболот на Франција, на кого сакаа да му забранат слободно да пее.

Во расправата што трае веќе неколку месеци меѓу непријателите на вревата и бранителите на звуците типични за руралноста, правдата пресуди во корист на вторите… и нивната перјаста икона. Овој четврток, кривичниот суд на Рошефор (Шарант-Маритим) ја отфрли жалбата за „ненормално соседско нарушување“, поднесена од неколку пензионери. Петелот на Корин Фесие ќе продолжи да пее, без разлика дали тоа им се допаѓа или не на неговите соседи.

Одлука со која нема да се решат односите меѓу засегнатите страни, во војната што беше отворена во пролетта 2017 година. Вознемирени од песната на петелот, двојка, сопственик на нивен втор дом во Сен Пјер д’Орлеан, прво испратија бројни писма до Корин Фесо. Потоа повикаа судски извршители. Пред конечно да тужат.

–Моите клиенти се на возраст од 68 години, тие се во пензија. Тие едноставно копнеат по спокојство кога доаѓаат на одмор во нивниот дом на островот Олерон, рече Винсент Хубердеу, адвокат на соседите, пред судењето на 4 јули.

Морис беше посреќен од неговиот колега Коко од Оаз. На 24 мај, Кривичниот суд во Компиењ го осуди Николас Буше, сопственик на петелот да се раздели од својот тенор, по жалбата на еден од неговите соседи. Иако тој ја испочитува одлуката на судот – Коко сега е на пансион кај еден негов пријател, но сега не се откажува од желбата да го види повторно во својот двор. Тој ја обжали одлуката на судот и покрена петиција, „Спасете го Коко, петел маргозин“, која доби повеќе од 90 000 потписи. Петицијата во корист на Морис доби речиси 140.000 потписи.

Сопствениците на животни за кои соседите сметаат дека се гласни, исто така, можат да сметаат на поддршката од неколкумина политичари. Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон Кристоф Суер издаде наредба во насока на “истакнување на руралниот карактер на неговата општина“. Градоначалникот на Гајак (Жиронд) Бруно Дионис ду Сежур има напишано отворено писмо во кое тврди дека „петелот, познатото лаење на кучето, камбаната на црквата, мукањето на кравите, рикањето на магарето и пеењето на птиците да се прогласат за национално наследство. И дека против нив не може да се покрене никаква судска постапка.


Администратор
05/09/2019 17:46