Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет" и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат.

– Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот" е израз на нашиот народ кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.

Тој во изјавата за актуелните состојби во земјава по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата паратија го турка во јавноста.

– Ветингот се обидуваме да го инсталираме подоглго време и тој да не биде само за обвинители, судии, туку и за сите политичари кои ќе раководат со државата. Тоа е еден вид скенер кој ќе ни покаже кои се идните раководители, рече Ахмети.

Тој на селаните од двете села во гостиварската општина им најави дека добил ветување од директорот на „Македониај пат" дека покрај асфалитрањето на пет километри од локалниот пат, наскоро ќе продолжи со уште два километри.


Администратор
25/08/2019 15:55