Љубителите на италијанската Серија „А“ во Македонија од новата сезона ќе можат да следат натпревари на националниот сервис.

Првиот меч кој ќе оди на националниот канал е пресметката на Интер против Лече закажана за во понеделник од 20.45 часот. Од секое натпреварувачко коло ќе биде обезбеден по еден ТВ пренос.

МТВ преговара и за пренесување на дел од возбудувањата од француското фудбалско првенство.


Администратор
23/08/2019 23:23