Во водите на Мавровско Езеро в недела ќе се одржи шестата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. Пливачкиот маратон е дел од годинешното одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Леуново.

Натпреварите во три возрасни категории за пливачи од 12 до 14 години, од 15-17 и над 18 години, ќе започнат во 13 часот на стартот од Маврови Анови во близина на амбулантата, а целта ќе биде во близина на хотелот „Радика“. Должина на патеката зинесува три километри.

Натпреваривачите ќе се бодуваат според правилата на Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води.

Според најавите, се очекува да настапат пливачи од повеќе македонски клубови од Македонија.

Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одвива во Леуново по завршувањето на трките.


Администратор
23/08/2019 14:26