Зоран Заев доколку има грам морал, совест и одговорност, вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ веднаш да побара распишување на нови парламентарни избори.

Зоран Заев и неговите политики на домашен терен се поразени. Заев направи во земјата да владее безаконите, корупција, криминал и бесмилосно богатење од позиција на власт и врз грбот на народот.

Но, она што е најбито, случајот Рекет во кој се спомнува и името на Зоран Заев покажа дека Катица Јанева како клучен експонент на Заев и неговите странски газди да го гони по задача криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, всушност самата Јанева потона во криминал со изнудувањето рекет во милиони евра. Да потсетиме на мислењето на Заев за Катица. Тој се колнеше во неа и тврдеше дека верува во нејзините способности и капацитет, дури, сакаше Јанева со закон да ја унапреди и во Републички обвинител.

Сето ова и дава право на Единствена Македонија како автентична опозициска партија да ги оспори резултатите на марионетската власт во Скопје и да побара Зоран Заев веднаш да иницира распишување на предвремени избори.


Администратор
22/08/2019 16:14