Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во рамките на „Отворениот ден“ на УКИМ вечерва официјално ќе го отвори 40-то јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

На настанот вечерва е предвидено присуство на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, кои официјално ќе го прогласат фестивалот за отворен.

Годинава на фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од нашата држава, Германија, Турција, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, како и од турскиот дел на Кипар.

.Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разурнатото Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, па оттука овој фестивал се нарекува и „Фестивал на солидарноста”.


Администратор
22/08/2019 11:14