Мицкоски доживува тотално фијаско.

Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и замислете, пробуваат да ги претстават како жртви.

Она што беше јасно од самиот почеток, со денешната прес конференција Христијан Мицкоски го потврди.

Клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, Империја, Мицкоски се обиде да го претстави како жртва.

Единствената агенда, почитувани граѓани, на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше и останува одбрана на криминалот на режимот.

Мицкоски денеска јасно потврди дека се сретнал со лицата кои се осомничени и кои се гледаат на објавените снимки за случајот Рекет.

Сега треба отворено да излезе пред јавноста и да даде одговори:

· Со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато? · Што примил Христијан Мицкоски на рака? · Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите во Будимпешта? · Дали се сретнал со тајкунот осомничен во случајот Империја и зошто?

Најавите на Мицкоски за некакви протести не се ништо друго туку последен обид за одбрана на криминалот на режимот, поттикнат од неговиот шеф Никола Груевски.

Јасно му е на Мицкоски дека поддршка од граѓаните нема.

Додека СДСМ е цело време со граѓаните, на терен, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, едноставно ги нема.

Се што прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е само ширење на лажни вести од белиот дворец, скапо платен од парите на граѓаните.

Исти такви протести ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате дека најавуваше и пред претседателските избори, се одржаа неколку и ги снема.

Немаше поддршка од граѓаните и на крај остана сам со Јанко Бачев.

Истото почитувани, ќе биде и сега.

На Христијан Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака:

Нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни.

Секој, кој што се огрешил пред законот, од прв до последен ќе одговара.

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ


Администратор
16/08/2019 15:35