Во фабрика за бои и лакови во близина на Ужице денеска околу 10,30 часот изби пожар, објавија српските медиуми.

Според досегашните информации, нема повредени ниту животно загрозени лица во инцидентот.

Медиумите пренесуваат дека на пожарот му претходеле две силни експлозии. Пожарникарни екипи веќе пристигнале на терен, а над градот се шири густ чад.


Администратор
16/08/2019 13:41