Општинските служби за одржување на јавната чистота се наоѓаат на терен вршејќи ја највредната работа работа за нашето здравје - чистењето на улиците од фрлениот отпад таму каде не му е местото и несомнено дека ја заслужуваат нашата почит.

Нивната искрена работа не ја заслужува нашата негрижа. Затоа, почитувани сограѓани размислете добро пред да го фрлите ѓубрето таму каде не му е местото. Почитувај ја потта на искрените работници за твојата нога секој ден да гази низ чистите улици на општината. Помогни колку што можеш за чиста животна средина, започни од себе и твоето семејство

Денешниот работен ден го поминаа чистејќи ги следните улици:

- Во населба Топанско Поле: ул. Никола Малешевски, Август Цезарец, Ѓорѓи Поп Христов и Методија Митевски - Во населба Топаана: Максут Садик, Славеј Планина и 376 - Во населба Дуќанџик: Азем Хајдари и Прохор Пчињски.

Соопштение до јавност, Општина Чаир


Администратор
15/08/2019 15:13