На интернет се појави нов вирус кој го подига изнудувањето пари на сосем ново ниво, соопшти компанијата за интернет-безбедност, ЕСЕТ.

Имено, штетната програма наречена „Вареники“ (Varenyky) може да ја вклучи вашата камера и да ве снима, ако посетите порно-страница. Снимањето е без ваша дозвола и знаење, а снимката се користи за уцена.

Засега, вирусот е активен само во Франција. Кога ќе ја отворите заразената датотека, програмата прво проверува дали жртвата е на подрачјето на Франција и, ако не е, самиот вирус се повлекува без да нанесе штета.

Нема податоци околу тоа дали некоја снимка била употребена против некого односно дали била јавно објавена.


Администратор
14/08/2019 03:42