Лука Дончиќ забележа импресивна деби сезона во НБА со тимот на Далас Маверикс, беше избран за „Дебитант на година“, но и покрај тоа, тимот на Марк Кјубан заврши на 14-тата позиција во Западната конференција со биланс од 33 победи и 49 порази.

Самиот Дончиќ е на мислење дека неговиот тим ќе настапи многу подобро во сезоната 2019/20 и увери дека Маверикс ќе се квалификуваат за плејофот во следната кампања.

– Ние ќе се квалификуваме за плејофот. Треба да го направиме тоа. Ова е главната цел поставена за тимот следната сезона и ние ќе се потрудиме да го постигнеме тоа, рече 20-годишниот Словенец.

Лука Дончиќ одигра 72 натпревари за Далас, почнувајќи во сите од нив, а за 32.2 минути на теренот, тој реализираше 21.2 поени, 7.8 скокови и 6 асистенции во просек на натпревар.


Администратор
22/07/2019 16:30