Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62.Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Петочленото жири едногласно ја додели оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот“.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а филмот „Петрунија“ во јули ќе учествува на девет фестивали низ целиот свет.

По Пула, „Петрунија“ го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.


Администратор
21/07/2019 13:48