Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце“. Од вечерва гостите што летуваат во населбата и сите оние што ќе се затекнат во Трпејца се до 29-ти овој месец ќе бидат дел од содржините наменети за нив, за поубаво да се чувствуваат, да се забавуваат, некои и нешто да научат.

Манифестациајта финансиски поддржана од Министерството за култура предвидува фолклорни настапи, ликовни изложби, ликовна работилница за деца, потоа курс по модерен танц исто за најмладите гости, куклен театар за најмладите, музички содржини меѓу кои и веќе традиционалните вечерни променади со настапи на млади уметници што музуцираат од кајче во вечерните часови. И оваа година како и изминатите изданија „На зајдисонце“ организира курс за обука за фаќање риба со јадица, кајакарска регата и прошетка низ Националниот парк „Галичица“ по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов“ ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката, сите настани што ќе се одржуваат под ведро небо се од отворен карактер односно бесплатни.


Администратор
21/07/2019 13:42