Дневната болница во Здравствениот дом во Ресен од декември 2018 година, па досега, ја посетиле 1.700 пациенти. Граѓаните се задоволни, затоа што не мора да се упатуваат во блиските болнички установи во Охрид, Битола и Отешево, изјави директорката на таа јавна здравствена установа, Сања Андоновска.

Од Министерството за здравство соопштија дека станува збор за услуга прва од овој вид во здравствените домови ширум државата.

Андоновска посочи дека во интерес на пациентите е и мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во Ресен и околните места. – Граѓаните добиваат навремена и квалитетна здравствена заштита најблиску до домот, рече Андоновска.


Администратор
18/07/2019 15:12