Во најновата колумна за весникот Независен, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во врска акцијата „Рекет“ споделува информации со јавноста алудирајќи дека Премиерот Заев стои на врвот на пирамидата во овој случај.
Николоски вели дека Заев имал средби со Јовановски еднаш до двапати неделно и дека и градоначалник бил вмешан во рекетирање на жртвите.
- Нека погледнат во дневниците за средби на премиерот и безбедносните камери на Владата и на СДСМ, во просек еднаш до двапати неделно „капо ди тути капи“ имал долги средби со сега првоосомничениот. Што договарале на тие средби и што координирале. Дали можеби „капо ди тути капи“ му давал насоки која да биде следната жртва? Дали му давал упатства како еден негов градоначалник да се гледа со жртвите во Грција и таму да го собира рекетот. Овие и многу слични прашања ги зборува чаршијата и редно е да ги отвори обвинителството низ една правна процедура. Она што, пак, е факт е дека мајката на првоосомничениот токму на предлог на СДСМ беше избрана во февруари во Собранието за член на државната Комисија за слободен пристап до информации од јавен карактер, пишува Николоски.
Целата колумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е објавена на Независен.мк