Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, денеска и утре ќе се одржат неколку настани и музички перформанси.

Денеска во текот на денот е предвидена детска програма. Од 17:00 часот влезот во Зоолошка градина во Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00 часот посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00 часот на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

Утревечер од 19:00 часот децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ „Карпош“ и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена ќе настапи рокенрол бендот „Културно уметнички работници“.


Администратор
13/07/2019 12:02