Приватниот остров Седлбек Кеј, на кој пред две години требаше да се одржи Фјур фестивалот, се продава за 12 милиони долари.

Овој мал остров, сместен на Бахамите, стана познат по фестивалот на раперот Џа Рул и бизнисменот Били Мекфарланд, што не се одржа, но и по супермоделите Бела Хадид и Кендл Џенер, кои го красеа промотивниот видеоспот, како и по природните убавини и пејзажи.

Се верува дека ова место било во сопственост на светски познатиот криминалец Пабло Ескобар и дека било дел од криумчарскиот синџир.

Инаку, фестивалот по кој требаше да се запамети овој остров, доживеа тотален неуспех. Илјадници посетители платиле и до 49.000 долари за влезниците, а кога пристигнале, наместо луксузно сместување, ги дочекале потопени шатори, а ниту еден од концертите што беа најавени, не се одржа. И покрај извинувањето, организаторот Мекфарланд беше осуден на шест години затвор и парична казна од 26 милиони долари.

Настанот се покажа како апсолутна измама, но за приватниот остров не може да се рече ништо лошо. Се простира на површина од 190.200 квадратни метри и има седум раскошни плажи, главна куќа и неколку помали колиби.


Администратор
09/07/2019 12:11