Марио Танкоски ќе остане ракометар на Металург. Вакво решение донесе Арбитражната комисија на Ракометната федерација на Македонија, откако македонскиот репрезентативец беше поврзуван со преминување во Еурофарм Работник.

Сепак, поради актуелниот договор, Танкоски мора даодигра уште една година во тимот од Автокоманда.

Доколку битолскиот тим, кој оваа година ќе настапи во СЕХА лигата и ЛШ, сака да го доведе во своите редови, тогаш ќе мора да плати за трансферот.

Ракометарот во рок од осум дена може да поднесе жалба на оваа одлука.


Администратор
26/06/2019 17:45