Иран би можел наскоро уште повеќе да го намали придржувањето кон нуклеарниот договор ако европските земји не го заштитат од американските санкции преку трговски механизам, изјави денеска шефот на Стратешкиот совет за меѓународни односи, Камал Карази.

Тој нагласи дека Техеран ќе преземе нови чекори ако европските земји не преземат мерки во рок од 60 дена, кој Иран го одреди во мај.

-Нашите чекори ќе бидат позитивни ако Европејците инвестираат ресурси во планираниот трговски механизам Инстекс и ќе овозможат трговија, додаде Карзаи.

Иран во мај соопшти дека ќе го намали придржувањето кон нуклеарниот договор постигнат во 2015 година со светските сили, во знак на протест поради одлуката на САД за еднострано повлекување од договорот и повторно воведување санкции на Техеран.


Администратор
23/06/2019 15:27