Поради замена на старите водоводни цевки од страна на Ј.П. „Комуналец” со нови градското подрачје во Кичево, од осум, па се до 17 часот ќе биде без вода за пиење.

Без вода за пиење ќе бидаат улицата „Борис Кидрич” се до грдската болница и до кружниот тек кај фабриката “Тане Цалески”, потоа Булеварот до касарната и населбаите „Пашино”, „22 Декември”, „Раштани” и селата Осој , Трапчин Дол и Мамудовци.

Од ЈП „Комуналец” бараат разбирање од своите потрошувачи и потсетува граѓаните да обезбедаат доволно количества вода за пиење за своите потреби.

Граѓаните ќе бидат снабдувани со вода за пиење од цистерни, кои ќе минуваат низ местата каде ќе нема вода за пиење информираат од ЈП” Комуналец” во Кичево.


Администратор
12/06/2019 03:31