Пратеничката Ане Лашкоска на денешната седница во собранието каде што се дискутираше за новиот Закон за катастар истакна дека со овој закон закон ќе се овозможува бришење на веќе стекнатото право на сопственост нешто што е најпроблематично, катастарот по службена должност ќе може да брише имот, ова е класична национализација на приватен имот, вели Лашкоска.

Таа вели неприфатливо е исто така катастарот да не наплаќа услуги од фирмите туку општините, па во член 16 се додава нова можност за геодетите за мирување на нивната лиценца и ова се прави свесно затоа што директорот на катастар има своја приватна геодетска фирма па станува збор за суд на интереси, и додека тој е на функција да му мирува лиценцата за геодетската фирма.

Пратеничката Лашкоска порача дека овој закон е во спротивност на ЕУ директивите, каде директно се ограничува пазарната конкуренција во делот со измените за јавните набавки што остана простор за сомнителни набавки.