Единствена Македонија изразува крајна изненаденост од марионетскиот премиер Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски, кои повеќе од една година одбиваат да му дадат државјанство на ракометарот на Вардар, Данил Шишкарев.

Според македонскиот закон за државјанство, МВР може на странец да му даде државјанство и со исклучителна натурализација и во таков случај не се барат никави други услови освен основниот - да станува забор за лице кое е од особен спортски интерес за државата и ако неговиот прием во државјанство на Република Македонија не ја загрозува безбедноста и одбраната на државата, а по претходно мислење на Владата на Република Македонија.

Данил Шишкарев како играч има придонес и е носител на две европски шампионски титули со ракометниот тим на Вардар. Со две европски титули во пет години во вардаровиот дрес не е спорно дека Шишкарев е лице кое е од спортски интерес за државата.

Оттука прашањето, дали Шишкарев не може да добие државјанство само затоа што е Русин и по автоматизам според логиката на Заев и Спасовски е лице кое ја загрозува безбедноста и одбраната на државата оти јавноста е сведок, прво, на уплавот на Заев и на неговите странски газди штом се спомне зборот „Русин“ и второ, на нивната шашава логика за се и сешто што не им чини во државата да обвинуваат за наводно руско мешање.

Со почит, Центар за комуникации на Единствена Македонија


Администратор
09/06/2019 15:11