Пајо Паторот, белата патка облечена во сино морнарско одело со сина капа веќе 85 години претставува еден од најпознатите јунаци на Волт Дизни.

Доналд Дак, е изворното името на тој цртан јунак и запрвпат се појавува во еден од краткометражните филмови од серијата „Silly Simphonies“, но главната улога добива три години подоцна.

Една од главните причини за неговото појавување е тоа што на Мики Маус му опаѓа популарноста.

Волт Дизни одлучува да вметне лик кој по темпераментот ќе биде различен од Мики.

Со Мики за првпат се појавува во цртениот филм Orphan’s benefit во август 1934 година и по добрата реакција од публиката, станува постојан член на дружината на јунаците на Дизни – Мики, Мини, Шиљо и Плутон.

Во Дизниленд воп Шангај од 3 до 9 јуни посетителите може да видат посебна програма во чест на 85-от роденден на Пајо Паторот. Околу пет милиони луѓе го посетиле 11 метри високиот Пајо Патор на Езерото на желбите во тој парк од 9 јули минатата година.


Администратор
09/06/2019 13:03