Во земјава има недостиг на специјални кадри како логопеди, дефектолози, лица за физикална терапија… кои би се грижеле за децата со посебни потреби во училиштата за поголема примена на инклузивно образование, рече заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов на денешната трибина „Предизвици во обезбедувањето на квалитетно и инклузивно образование“, во организација на Демократската Обнова на Македонија.

Атанасов додаде дека тие се согласни оти децата со полесна попреченост треба да одат во редовно училиште. Законски ќе биде прецизирано да има најмногу два такви ученика во клас за да можат и наставниците да се прилагодат.

Тој рече дека се јавува проблем и што улениците зборуваат и по два странски јазика, а не знаат ниту збор на јазикот на другите заедници кои живеат во земјава.

-Потребна е поголема комуникација затоа што во нашето општество имаме генерации на деца кои не се разбираат, не го разбираат јазикот на другиот, кои растат во чисти средини каде не слушаат јазик на другиот. Вториот, да се разбереме јазично. Нашите деца учат два странски јазика во основно образование а не знаат ниту една реченица на јазикот на заедниците што живеат во земјата, рече Атанасов.

Густав Фридолин, поранешен министер за образование на Кралството Шведска од зелената партија нагласи дека мораме да имаме образувано општество и младина која ќе успее да ги разбере овие факти, овие проблеми и која ќе може да делува.

-Од деведесеттите години и од почетокот на 2000 година има негативен пристап кон некои проблеми. Можевме да видиме дека голем број на наши ученици не беа во можност да го стекнат тоа знаење кое беше потребно за понатамошниот нивен развој, а причините се многубројни и доста драматични. Но, според ПИСА 2013 можевме да видиме дека Шведска беше една од земјите што постигна голем неуспех во резултатите. Јас бев тој кој ја презема иницијативата да видиме што можеме да промениме во однос на ова. А, мојата иницијатива беше да им овозможиме на учениците да стекнат знаења кое ќе им користат целиот живот, рече Фридолин.

Силвана Кржовска, директорка на СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје нагласи дека светските трендови можат да се прилагодат и секогаш образовниот систем како тренд треба да ги следи потребите на општеството.

-Следејќи го процесот на економскиот развој да не се направи хипер-продукција или пак да го загрозиме одржливиот развој на самото општество. Во Република Македонија веќе 20 години се применува еден светски тренд на образование, тоа е паралелка со програма на меѓународна матура. Во рамките на гимназијата „Јосип Броз Тито“ веќе 22 години имаме програма, која е светски образовен тренд и ние сме лидери во регионот. Таа програма е еден тренд што на некој начин се прилагоди на нашите услови, дава резултати, убаво применлив, практичен, дава кадари и правиме светско реноме. Тој е еден вид на програма што на некој начин да не речам дека е збир, меѓутоа и компатибилна или направена од повеќе светски програми. Избрано е најдоброто. Направена е една образовна програма и наставата се изведува на неколку светски јазици во зависност од државата која го практикува, рече Кржовска.


Администратор
22/05/2019 16:48