Претставничката на Македонија на годинешниот евросонг Тамара Тодевска, која настапи со песната „Proud“ по враќањето нашата земја го даде и првото интервју за телевизијата 1ТВ која и додели 10.000 евра од буџетот на телевизијата за нејзината „интернационална“ кариера.
Тамара во отворената емисија истакна дека би било безвезе ако се набавеле амбулантни возила за потребите на здравствениот систем во Македонија на сметка на неодењето на Евровизија. Според неа, во таков случај никој не би знаел за нас.
„Ќе беше безвезе да купиме амбулантни возила и да не одиме на Евровизија, пошто никој немаше да знае за нас“, истакна Тамара.
Тамара со песната „Proud“ го постигна најдобриот пласман на Евровизија, но сепак поголемиот дел од јавноста смета дека позади целиот проект стои политичка позадина со цел промовирање на новото име на Македонија и дека целиот концепт, пр маркетинг и лобирање е насочен токму кон афирмирање на името Северна Македонија.