Патничкиот авион „Боинг 737-752“ кој кружеше над Скопје околу еден час поради неможноста да слета на Скопскиот аеродром заради силниот ветер, беше пренасочен кон аеродромот во Приштина.

На официјалната веб страна на Скопскиот аеродром се објави информација дека авионот кој летал на релацијата Истанбул - Скопје е пренасочен на аеродромот во Пришина, а уште едно летало на Визер кое доаѓа од Малта, наместо во Скопје ќе слета во Охрид.