Тајните агенти од Средновековната Јапонија го пронајдоа своето место во современата култура, бесшумните ликови облечени во црно на кои им се гледаат само очите одамна се пробија и на Западот, ги има во филмовите, стриповите, постојат школи во кои се изучува нинџуцу, посветени им се многу популарни шоу-емисии во целиот свет.

Неверојатна прилика и во Скопје за да имате вистинско искуство со нинџи со помош на клубот Буџинкан Македонија. Дистрибутерската и продуцентска куќа „Катавеј“ организира работилница „Како да станеш нинџа“ за деца од 8 до 14 години и бесплатна проекција на хит анимираниот филм „Кариран нинџа“ во Младинскиот културен центар (горно фоаје) во сабота на 18 мај со почеток во 11 часот.

Дојдете да се дружиме и да учиме боречки вештини.

Целта на оваа работилница е да ги запознае децата со класичните јапонски боречки вештини, нинџа облеката, вовед во оружјето на нинџите и на сето тоа и бесплатна проекција на најновата данска анимирана авантура „Кариран нинџа“, синхронизирана на македонски јазик, по завршувањето на работилницата.

Ментори на работилницата се единствениот македонски инструктор за класични јапонски самурајски и нинџа вештини, Игор Довезенски и дел од тимот од скопското доџо на Буџинкан Македонија.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање податоци од своите деца на cutawaymkd@gmail.com најдоцна до 17 мај наутро. Работилницата е отворена и за тие кои никогаш не вежбале боречки вештини, а бројот на учесници е ограничен на 20.

Работилницата ќе трае еден час по што во Џебното кино ќе се одржи проекцијата на филмот. Филмот трае 81 минута.

Работилницата е дел од проектот „Детско катче“ (KidSquare) поддржан од Министерството за култура.


Администратор
15/05/2019 19:57