Познатиот српски театарски и филмски актер Михаило „Миша“ Јанкетиќ почина денеска во Белград на 81-годишна возраст.

Во својата богата актерска кариера Јанкетиќ одиграл над сто театарски улоги, најголем број во Југословенскиот драмски театар во Белград, а настапил и во повеќе филмови, телевизиски серии и радио драми.

Тој бил и професор по глума на Академијата на уметности во Нови Сад.

Добитник е на повеќе значајни актерски признанија, меѓу кои и четири театарски награди „Јован Стерија Поповиќ“ и наградата за животно дело „Павле Вуисиќ“.

Миша Јанкетиќ е роден на 24 мај 1938 година во Нови Сад. Беше во брак со Свјетлана Кнежевиќ со која има четири деца.


Администратор
15/05/2019 19:50