Актерот Драган Спасов Дац, кој е единствениот функционер по промената на власта кој поднесе оставка од позицијата директор на МНТ од морални причини по направената сообраќајна несреќа на својот фејсбук профил преку статус побара одговорност и од пратеникот Богоевски.

Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес-конференција на Миле Бошњаковски, како што е ред, нели!, напиша на Фејсбук актерот Драган Спасов Дац по разговорите на пратеникот Богоевски кои беа објавени на социјалните мрежи.