По денешниот избор за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ во куса изјава за медиумите ги кажа приоритетите на новото раководство.

– Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката. Наш приоритет ќе бидат младите, враќање на навивачите во салите, заживување на кошарката, враќање на оптимизмот, издигнување на А-селекцијата на повисоко ниво, каде што сме биле по можност и чекор понапред, изјави новиот прв човек на македонската кошарка.

Антиќ на денешното собрание беше единствен кандидат за претседател на КФСМ и едногласно е назначен за наследник на функцијата која досега ја вршеше Петар Наумоски.


Администратор
15/05/2019 18:41