На барање на Собранието Владата врз основа на мислењето подготвено од Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Министерството за финансии даде негативно мислење за Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија имајќи во предвид дека јавниот радиодифузер во 2018 година завршил со негатива од 26 милиони денари.

-Дополнително Владата утврди дека Националната радио телевизија не ги исполнува професионалните и етички новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност кои произлегуваат од членот 111 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и по препораките на извештаите од Европската унија за реформи за остварување на целосна независност на јавниот радиодифузен сервис, нагласи Бошњаковски.


Администратор
09/05/2019 14:47